Спортски Центар
Јане Сандански

ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ

За СЦ Јане Сандански

Спортскиот центар Јане Сандански претставува најголем и најпосетуван мултифункционален спортски центар во Република Македонија, кој нуди голем број на услуги.
Располага со голема и мала сала. Големата сала (Спортска Арена) има капацитет од 6500 посетители и е направена според стандардите за одигрување на сите кошаркарски и ракометни натпревари. Тука се одржуваат најзначајните натпревари, како и многу други културни и забавни манифестации.
Дел од спортскиот центар се и тениските терени на тенискиот клуб "Теннис Парк" каде може да тренирате или да се рекреирате на четири земјени терени. Клубот нуди тренинзи за сите возрасти со врвни тренери.
Располага и со два терени за новата спортска атракција падел-тенис, и еден терен за рекреативен бадминтон. Веднаш кај тениските терени е и кафе-барот Теннис Парк, лоциран веднаш до кејот на реката Вардар.
Во фитнес центарот Cybex, каде тренираат и професионалните спортисти, истите програми може да ги добијат и рекреативците. Опремен е со најсовремени реквизити и машини и се протега на површина од 500м², со дополнителен простор од 400м² каде се одржуваат програмите од аеробик центарот.
Аеробик центарот нуди mix, cross-fit и step аеробик, clinical, classical и contemporary пилатес и Insanity програма. Освен програма за возрасни, има и детска програма која нуди детска атлетика, спортска градинка и ритмичка гимнастика.
На западниот дел од спортскиот центар се наоѓа игротеката и кафе-бар "Бајка" со прекрасен поглед кон Паркот на езерата.
Веднаш до игротеката се наоѓаат спортските продавници на данскиот бренд Hummel, и фан шопот на женскиот и машкиот ракометен клуб, и фудбалскиот клуб Вардар. Како и спортската продавница и фан шоп на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром.
Спроти спортските продавници се наоѓа автопералната Sonax која е единствената што располага со 8 боксови каде истовремено се перат возилата.

Ние се стремиме кон создавање на нови спортисти, врвни клубови и историски натпревари, среќни фанови, задоволни клиенти и остварување на детските соништа.