Тренинзите со степери може да ги комбинирате со кардио вежби, кои трошат многу повеќе енергија енергија, и се секако доста ефективни. Или пак, може да ги комбинирате со поспори пилатес движења. Степерите помагаат во обликување на телото, согорува голем број на калории, ја подобрува кондицијата. Се активираат и колковите, глутесите, мускулите на нозете, квадрицепсите, истовремено горниот дел од телот, вклучувајќи ги и рацете. Вие сами ја регулирате брзината на вежбање, па затоа степерите се користат и во физиотерапијата. 
Степерите се одлични за squat jumps, сите видови на твистови, исчекори напред и назад, склекови со една рака на степер, или пак склекови со нозете качени на степер. За уште поголем ефект и опфаќање на поголема група на мускули слободно додадете реквизит како медицинки, тегови, кетлбел, дури и пилатес топки (Swiss ball).
Во фитнес центарот Cybex на располагање се сите фитнес инструктори кои може да ви посочат како правилно да вежбате, и да ви дадат совети во врска со вашите тренинзи и исхрана.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна scjanesandanski.mk, најдете нé на facebook како Спортски центар Јане Сандански, и на инстаграм scjanesandanski.