Овој викенд на терените на тенискиот клуб ,,Теннис Парк" ќе се одржи Отвореното зимско првенство за јуниори и јуниорки до 12 години. Турнирот ќе се одигра од 10-12.02.2018 година, а во петок (09.02.2018) ќе биде објавен распоредот. Првенството започнува во сабота (10.02.2018) од 09:00 часот.
Сите љубители на тенисот ги покануваме во нашиот клуб да ги проследат натпреварите, а потоа да се опуштат во пријатна атмосфера во нашиот кафе-бар.