Оваа недела во спортскиот центар ,,Јане Сандански" ќе имаме можност да проследиме 2 натпревари во ракомет на машкиот ракометен тим Вардар.
Во вторник (13.02.2018) од 20:45 часот, Вардар се среќава со тимот на Целје (СЕХА лига). Цената на билетот изнесува 50 денари.
Во недела (18.02.2018) од 17:00 часот, Вардар игра со Пик Сегед. Овој натпревар е од Лигата на шампионите. Цената на билетите е 150 денари за стоење, и 350 денари на трибина.
Исто така, во понеделник (12.02.2018) ќе се одиграат финалните мечеви од Отвореното зимско првенство на Македонија во тенис до 12 години.
Во игротека ,,Бајка" оваа недела слободни активности имаме во понеделник (12.02.2018), четврток (15.02.2018), петок (16.02.2018) и недела (18.02.2018). Роденденски забави имаме во вторник (13.02.2018) од 18:30-20:30 часот, среда (14.02.2018) од 18:00-20:00 часот, и во сабота (17.02.2018) имаме две роденденски забави од 12:00-14:00 часот, и од 17:00-19:00 часот.