Од огромно значење е децата од најрана возраст да започнат да се занимаваат со спорт. Спортот придонесува здрав физички развој, силни коски и мускули, намален ризик од прекумерна тежина, подобрување на рамнотежа, координација и флексибилност, подобрување на концентрација, намален стрес и ризик од стрес, депресија и анксиозност, поголема самодоверба и самопочит, можност за запознавање нови пријатели и чувство на припадност кон одредена група.
Спортскиот центар ,,Јане Сандански" во својот аеробик центар ви нуди можност вашето дете да почне со физичка активност уште од најрана возраст. Групата е формирана за деца на возраст од 3-5 години. Вклучени се моторички движења кои успешно можат да се применуваат во текот на образовниот процес или низ други облици на вежбање, со чија помош се влијае на подигање на општите психофизички способности на детето, а тоа е особено важно за најмалите, за правилен развој на децата. Преку полигони и игри се учат основни движења. Часовите се одржуваат во вторник и четврток од 17:30-18:30 часот.
За повеќе информации јавете се на 072-244-877, посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk или пак најдете не’ на facebook како Спортски Центар Јане Сандански, на инстаграм како scjanesandanski и бидете во тек со последните новости и случувања.