Во среда (07.03.2018) од 17:00-19:00 часот во игротека ,,Бајка" ќе се одржи креативна работилница по повод интернационалниот ден на жената, 8-ми Март.
На оваа работилница дечињата заедно со нашите дадилки ќе изработуваат креативни честитки.
Влезот чини 100 денари од дете.
Додека дечињата изработуваат честитки, возрасните ги покануваме во нашиот кафе-бар во пријатна атмосфера.
За повеќе информации следете ја нашата фан-страна https://www.facebook.com/igrotekabajka/ на Facebook и бидете во тек со сите новости и информации, или јавете се во игротеката на 071-398-032.