Александра Симева и Јана Стојанова имаа фантастичен настап на ИТФ-Источно Европскиот Шампионат во Анталија, Турција.
Александра СИмева и Јана Стојанова како дел од Македонската Јуниорска репрезентација, стигнаа до самата завршница и во меѓусебен дуел решаваа за првото место, кое на крајот и припадна на Александра Симева со резултат од 2-0 во сетови (6:1, 6:4).
Во конкуреција на двојки пак, Симева и Стојанова како пар ја освоија титулата откако во финалето беа подобри од црногорската двојка, Никчевиќ-Ратквиќ.
Во машка конкуреција пак, Калин Ивановски го освои првото место во својата конкуреција, откако во финалето беше подобар од Максим Казак со резултат од 2-0 во сетови (6:0, 6:1).
Со овој настап нашите девојки покажаа дека со право се сметаат како едни од најталентираните девојќи во Европа, а нашиот клуб е посебно горд што ги има за свои членови. Честитки!