Последните неколку години убаво е да се види дека луѓето се’ повеќе се интересираат за спортот. Се’ повеќе внимаваат на своето здравје и на својата форма. Спортот придонесува многу повеќе за вашето здравје, лек против болести. Затоа, освен што се доведувате до беспрекорна форма, го чувате и организмот. Огромната бројка на придобивки од спортот значи дека треба да водите грижа за телото во текот на целата година, а не само пред летните одмори.
Дури, доколку вежбате во текот на целата година кога доаѓа периодот за летните одмори нема да има потреба да се исцрпувате и да водите диети кои само ќе го влошат вашето здравје.
Нашиот фитнес центар Cybex е отворен во текот на целата година. Кај нас тренираат ракометарите и ракометарките на РК Вардар, нивната програма може да ја добијат и рекреативците кои вежбаат со нас, а во секое време тука се врвните инструктори кои може да ви помогнат со справите, или да ви дадат совети за правилна исхрана и здрав живот.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk или пак најдете не’ на фан страната како Спортски Центар Јане Сандански, на инстаграм – scjanesandanski.