Во аеробик центарот можете да вежбате пилатес, аеробик, High intensity interval training, Kempo, Total body workout. Но, можат и вашите деца да бидат дел од нашиот центар и да посетуваат ритмичка гимнастика или спортска градинка.
Групите за ритмичка гимнастика се наменети за девојчиња на возраст од 5-10 години. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика, и модерен танц. Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа, брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движњеа. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност, и добра координација.Часовите се одржуваат од понеделник до петок, во следните термини:
17:30-18:30, 18:30-19:30ч.
Контакт: +389 70288030
Спортска градинка имаме секои вторник и четврток од 17:30-18:30 часот.
Наменета е за дечиња од 3-5 години. Преку соодветни игри и вежби прилагодени за возраст од 3 до 5 години, децата ќе можат правилно да растат и да се развиваат. Со сето тоа и да стекнат нови вештини, да развијат моторни способности, перцепција, ориентација, брзина, и флексибилност. Доколку дечињата одлучат и понатаму да се занимаваат со спорт сето ова ќе биде од огромна корист.
Од огромно значење е нашите деца правилно да растат и да се развиваат, и се’ повеќе и повеќе да учат за спортот и зошто тоа е важно за нивното здравје.
Контакт: +389 72244877
За повеќе информации посетете ги нашите фан страна – Спортски Центар Јане Сандански, и инстаграм профилот – scjanesandanski.