ТК ТеннисПарк ја продолжува традицијата и оваа година!
Повторно ќе биде домаќин на дел од најдобрите Јуниори до 18 години од цела Европа. Почнувајќи од 7-ми, па се до 13 мај, ќе можеме да гледаме супер мечеви на кои се надеваме дека ќе бидеме сведоци на добар тенис. Мечевите ќе се играат на земјена подлога, почнувајќи од сабота, кога почнуваат квалификационите мечеви. Теннис Парк ве поканува на заедничка дружба и уживање.