Секој тренинг е добар тренинг, и е корисно искористено време. Особено во овој период од годината, кога теретаните се полни и сите се подготвуваат за летните денови сакајќи да ги постигнат посакуваните резултати. Разговаравме со фитнес инструкторите од теретаната “Cybex” и ни укажаа на најчестите грешки кои посетителите ги прават.
За да заштедите време, да постигнете побрзи резултати, и вашиот тренинг да биде поефективен, потрудете се да ги избегнете следниве 10 грешки.
1. Не чекајте да се ослободат машините и реквизитите.
Обидете се да доаѓате во теретаната кога е послободна, а доколку на дневниот распоред имате доста обврски, направете си план Б, каде ќе можете да ги менувате вежбите. На тој начин нема да губите време чекајќи справите да се ослободат.
2. Не го прескокнувајте загревањето.
Загревањето е многу важно пред секој тренинг. На тој начин ги подготвувате (загревате) мускулите за престојниот тренинг, и шансите да се повредите се многу мали.
3. Немате план за тренингот.
Дополнително губите време доколку планирате во теретаната да се “инспирирате” каков ќе биде вашиот тренинг. Задолжително испланирајте го добро тренингот, а доколку не сакате да носите дополнителни листови и нотеси, можете да го запишете во вашиот телефон.
4. Не почнувајте со кардио пред тежинскиот тренинг.
Ова е една од најчестите грешки. Обидете се прво да го направите тежинскиот дел од тренингот, а потоа направете го кардио тренингот.
5. Секогаш ги користите истите справи, ги правите истите серии и повторувања.
Тренингот за кратко време станува досаден доколку влезете во рутина. Теретаната Cybex е комплетно опремена со најнова технологија, машини и реквизити. Правете различни тренинзи, со различни справи и реквизити и менувајте ги сериите.
6. Не го мерите времето додека правите пауза.
Задолжително мерете ја паузата! Не смее да биде повеќе од една минута.
7. Не го вежбајте горниот дел од телото на крајот од тренингот.
На крајот од тренингот веќе сте уморни, обидете се овие вежби да ги правите помеѓу предходните вежби.
8. Не носите шише со вода.
Водата е неопходна. Секогаш со себе носете шише со вода.
9. Ја користите цела теретана.
Извегнувајте кружни вежби кои ја опфаќаат цела теретана, така ќе заштедите време.
10. Користите опрема за рамнотежа, додека вежбате за повеќе сила.
Оставете ги BOSU топките, и останатите реквизити за рамнотежа. За повеќе сила и подобри мускули мора да правите вежби со поголема тежина.
Доколку сакате да слушнете повеќе корисни совети, приклучете се во нашата теретана. Нашите инструктори се постојано тука за да ви помогнат со тренингот.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна scjanesandanski.mk, фан-страната како Спортски центар Јане Сандански, и на инстаграм како scjanesandanski.