Фитнес центарот Cybex кој е дел од Спортскиот Центар Јане Сандански, освен редовна претплата во теретаната нуди и индивидуални функционални тренинзи.
Нашите стручни фитнес инструктори се постојано тука за вас.
Cybex е дефинитивно најдобро опремена теретана во земјата. Располага со 10 TRX, степери, најсовремени циклони ARC, спинери, статични велосипеди, ленти за трчање, јажиња, препреки, скали, Bosu топки, балансери. Фитнес центарот е опремен со справи за секоја мускулна група, пилатес топки, мултифункционални реквизити од типот на падобрани, елеци со тежини и топки за координација.
Освен што располага со разновидни реквизити и најсовремена технологија, особено на високо ниво е професионалноста и љубезноста на тимот и хигиената, а додека спортувате можете да уживате во внимателно одбраната музика.
За 8 пати месечно членарината изнесува 7.000 денари, 12 пати месечно – 9.000 денари, а за 16 пати месечно – 12.500 денари. 
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk или пак најдете не’ на facebook како Спортски Центар Јане Сандански, на инстаграм како scjanesandanski и бидете во тек со последните новости и случувања.