Оваа недела во арената ,,Јане Сандански" ракометниот тим на Вардар има два натпревари.
Во вторник (02.10.2018) од 17.15 часот, Вардар игра со тимот на Војводина. Натпреварот е од СЕХА лигата, а билетот чини 50 денари.
Во сабота (06.10.2018) од 17.30 часот пак, Вардар се среќава со тимот на Рајн Некар (Лига на шампиони). Билетот чини 350 денари.
Исто така, кошаркарскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром во среда (03.10.2018) игра со Борац Чачак од 19.00 часот. Цената на билетот е 50 денари.
Карти може да купите на билетарата при спортскиот центар секој работен ден од 10-18 часот.