Нови совети од фитнес инструкторите во теретаната Cybex, која е дел од комплексот “Јане Сандански”. Овој пат, тие нé советуваат кои јаглехидрати можеме да ги конзумираме, воедно и да ни помогнат да ја намалиме телесната тежина.
Најпрво, јачменот. Тој е дел од фамилијата на житни зрна, и го зголемува хормонот кој овозможува ситост. Јачменост може да го користите во салата, супа, и за да подготвите здрав појадок.
Потоа, следува овесната каша, која можете да ја подготвите со овес (може да биде и варен) и да додадете цимет, путер од бадеми, или малку кокосово масло.
Можеби чудно звучи, но и водата од јавор спаѓа во оваа група. Јаворот има доволно шеќери во себе, но и магнезиум, калциум и железо. Особено се препорачува по интезивни тренинзи.
Следни се пуканките! Ќе чувствувате помалку чувство на глад, но избегнувајте големи количини на сол.
Киноа – содржи двојно повеќе растителни влакна од било кои други житарки, дури и го забрзува метаболизмот.
Наут – крцкаво, вкусно, и здраво!
Во оваа група, спаѓа и ‘ржан интегрален леб. Богат со растителни влакна, и ниско ниво на содиум.
Крушки, затоа што е вкусна, и особено значајна кога сакате да ја намалите тежината.
Интегрален појадок од житарици, нискокалоричен, а богат со растителни влакна.
За сите љубители на паста, дозволена е само интегралната.
Не заборавајте, тренерите од фитнес центарот Cybex, не само што ќе ви дадат совети за правилна исхрана, туку и ќе ви помогнат да го обликувате телото во нашата теретана.