Во вторник (09.10.2018) во игротека ,,Бајка" ќе се одржи нова креативна работилница.
И овој пат подготвивме есенска работилница на која децата ќе изработуваат различни венчиња и фигури од есенски лисје. Ги покануваме сите дечиња да ни се придружат заедно да ја развиваме креативноста, да се забавуваме и дружиме.
Работилницата почнува во 19 часот, и влезот за секое дете чини 100 денари.
Додека трае работилницата возрасните ги покануваме во нашиот кафе-бар во пријатна атмосфера.