Оваа недела во спортскиот центар ,,Јане Сандански" имаме забава во игротека ,,Бајка" и два натпревари.
Во среда (31.10.2018) од 19 часот, игротека ,,Бајка" организира бесплатна Halloween забава за сите дечиња. Подготвивме различни игри и изненадувања за сите дечиња. Забава трае два часа, влезот е бесплатен. 
Во четврток (01.11.2018) во големата сала со почеток од 18 часот, МЗТ Скопје Аеродром игра со тимот на Сплит. Овој натпревар ќе биде од хуманитарен тип со цел да му помогнем на Борче Цветановски кој има потреба од средства за лекување во странство. Влезот ќе биде бесплатен, и ќе бидат поставени кутии за донации. 
Во сабота (03.11.2018) од 17.30 часот, ракометниот тим Вардар се среќава со Мешков Брест исто така во големата сала на спортскиот центар. Натпреварот е од Лигата на шампионите. Карти на билетара по цена од 350 денари.