Фитнес центарот Cybex важи за еден од најопремените фитнес центри во земјава. Теретаната каде тренираат и ракометарите и ракометарките на Вардар, фудбалерите, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и уште многу други.
Поради големиот број на различни машини, справи и реквизити лесно може да се изведат и функционални тренинзи.
За да се извади максимум од тренингот, се работи кружен тренинг и табата каде наизменично се работат вежбите на одреден временски интервал. Се прават брзи динамични вежби за подобрување на општата кондиција со помош на реквизити каде ја користите својата тежина како отпор или пак се користат дополнителни тежини во зависност од вежбата, а остатокот од тренингот се состои од изометриски вежби за стабилизација на горниот и долниот дел од телото и истегнување на целото тело како финиш.
Овој вид на тренинг ќе ја подобри вашата општа состојба на телото, од дефиниција на мускулите, зголемување на силата и експлозивноста до слабеење како неминовен фактор. А притоа ќе ви биде динамично и забавно.
Обезбедата ја вашата членска карта и почнете со тренинзи уште утре!