ТК ,,Теннис Парк” во својот тим има нов член, нов тренер по тенис. Станува збор за Горјан Живковски, кој е вљубен во тенисот уште од својата 8-ма година. Andre Agassi бил неговата голема инспирација и причина зошто Горјан се одлучил да почне да тренира тенис и веднаш да го засака овој спорт. Тој професионално се занимава со тенис и започнал да се натпреварува од 12 години. Горјан во ,,Теннис Парк” тренира деца од 10-16 годишна возраст кои професионално се натпреваруваат. Тренираат заедно секој ден освен недела, два пати неделно имаат индивидуални часови и 4 пати групни тренинзи. На индивидуалните тренинзи работи со децата на нивната техника, а на групните ги усовршуваат техниките кои ги работат на индивидуалните часови и спаринзи, вежби со поени, симулација на мечеви и слично.
Горјан вели дека најмногу го мотивира желбата на децата, нивното подобрување во играта и остварување на врвни успеси на турнирите.
Бидете дел од нашето семејство во ,,Теннис Парк” и тренирајте со најдобрите. За повеќе информации јавете се во клубот на 071-376-992.