Во аеробик центарот од неодамна имате можност да вежбате и јога. Часовите се одржуваат секои вторник и четврток од 20:30-21:30 часот, и од 21:30-22:30 часот. Цената за јога изнесува 1.300 денари. Хата јогата е древен систем на телесна и духовна култура, кој се усовршувал повеќе од 5000 години. Овозможува одржување на физичкото тело витално и еластично, создавајќи услови за добро ментално здравје и процвет на духовните квалитети во човекот. Самите вежби изобилуваат со варијанти од најлесен облик, до понапреден начин на изведување, погоден за природно еластични и витки луѓе, и соодветни се за сите возрасти, без разлика на полот. Праксите кои ќе ги работиме на нашите тренинзи опфаќаат:

 АСАНИ - Физички вежби

o   Вежби за раздвижување и омекнување на телото

o   Вежби за истегнување

o   Вежби за зајакнување на мускулатурата

o   Вежби за витализирање и регенерација на внатрешните органи

o   Вежби за одржување на мускулно-скелетниот систем

  • ПРАНАЈАМА - Вежби за дишење

o   Вежби за правилно дишење

o   Вежби за релаксација

o   Вежби за концентрација

  • МЕДИТАЦИЈА

o   Вежби за длабока релаксација

o   Вежби за медитација

o   Јога Нидра – „јогиски сон“

Часовите може да ги посетуваат почетници во јогата, како и напредни практиканти.
Се почнува од поедноставни, полесни вежби, а како практикантите напредуваат, се воведуваат понапредни асани, кои се работат на поинтензивен начин, со подолго останување во позициите, со што ефектите од вежбањето се интензивираат.
Часовите ги водат јога инструкторот Николчо Петров и асистентката Лина Јовевска.
Николчо Петров интензивно практикува јога во последните 24 години. Сите овие години има посетувано повеќе интензивни јога семинари под раководство на Свами Јогамудрананда Сарасвати, директна ученичка на Свами Сатијананда Сарасвати (https://en.wikipedia.org/wiki/Satyananda_Saraswati ), еден од големите промотори за ширење на јогата и автор на бројни книги кои низ целиот свет се користат како основна, сеопфатна литература за јога.
Николчо работи како јога инструктор 8 години, промовирајќи ги алхемиските својства на јогата. Лина Јовевска практикува јога 6 години. Како асистент-инструктор работи во последните 5 години.
За повеќе информации јавете се во аеробик центарот на 070-268-048.