Прекрасно е тоа што луѓето се’ повеќе и повеќе се “навлекуваат” на фит живеењето кое вклучува спорт и здрава исхрана.
Откако се консултиравме со нашите фитнес инструктори во фитнес центарот Cybex, ви ги пренесуваме информациите за тоа што задолжително мора да носите во теретана.
Опремата е најважна!
Мора да се чувствувате удобно додека вежбате, и секако да ви се допаѓа она што е на вешето тело.
Облеката мора е dri-fit (микрофибер материјал со полиестер, кој ја отстранува потта од телото), така ќе останете суви и ќе ви биде удобно додека спортувате. Жените најудобно се чувствуваат во маичка и хеланки, а момчињата во маичка со шорц (поретко и во хеланки).
При купување на патики, внимавајте да се специјални за во теретана, кои се поинакви од оние за прошетки и трчање.

Посетете ја нашата продавница за спортска опрема на познатиот дански бренд Hummel, и одберете го соодветното парче спортска облека!

Чувствувајте се удобно додека спортувате!