Особено важно е да ги научиме децата да стекнат навика уште од најмала возраст да спортуваат, да внимаваат на своето здравје, и здраво да се исхрануваат.
Вежбањето помага да ги одржат мускулчињата и коските, воедно придонесува и спиењето да биде поквалитетно. Три дена во неделата се сосема доволни да се спречат хроничните заболувања.
Спортскиот центар Јане Сандански ви нуди спортска градинка и ритмичка гимнастика за вашите деца.
Спортска градинка е наменета за дечиња од 3-5 години. Преку соодветни игри и вежби прилагодени за возраст од 4 до 6 години, децата ќе можат правилно да растат и да се развиваат. Со сето тоа и да стекнат нови вештини, да развијат моторни способности, перцепција, ориентација, брзина, и флексибилност. Доколку дечињата одлучат и понатаму да се занимаваат со спорт сето ова ќе биде од огромна корист.
Часовите се одржуваат во вторник и четврток од 17:30-18:30 часот.
Цена: 1000 денари.
Ритмичка гимнастика е спорт наменет за девојчиња на возраст од 5-10 години. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика и модерен танц. Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа, брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движења. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност и добра координација.
Секои понеделник, среда и петок имаме три групи и тоа од 17:30-18:30 часот, втора од 18:30-19:30 часот, и трета група од 19:30-20:30 часот.
Во вторник и четврток имаме две групи од 17:30-18:30 часот, и од 18:30-19:30 часот.
Цената за два пати неделно изнесува 1000 денари, а за три пати неделно 1200 денари.
 
 
Јелена - инструкторка во спортската градинка (+389 72244877)
Адела - инструкторка по ритмичка гимнастика (+389 70288030)