За подготовка на смути многу е важно да знаете кое овошје треба да го комбинирате, што треба, а што не смее да додавате во него. Во продолжение пробајте ги четирите различни видови на смути кои ќе ви помогнат да ја намалите тежината.
1. Смути со тиква - кремасто, здраво, полно со растителни влакна и еден тон витамини.
- Чашка бадемово млеко
- Лажица протеин од ванила
- 1/2 чаша вода
- 3 парчиња тиква
- 1 лажица мед
- 1/4 мала лажица цимет
- 1/4 мала лажица екстракт од ванила 

2. Berry smoothie - смути со шумско овошје, благо, а без никаков шеќер додаден
- Чашка бадемово млеко
- 1/2 чашка вода
- Замрзаното шумско овошје една чашка
- Ленено семе една лажичка
- Чиа семе една лажичка

3. Nut butter smoothie - путер од бадем во комбинација со протеин
- Чашка бадемово млеко
- 1/2 чашка вода
- 1 лажица голема путер од бадем
- 1 лажица протеин
- 1 лажица мед

4. Овошно смути по твој избор
- Препорачуваме чаша тропско овошје 
- Чашка бадемово млеко
- 1/2 чашка вода
- 1 лажица протеин

Добар апетит!