Игротека “Бајкапри спортскиот центар Јане Сандански е апсолутно најбараната игротека во градот. Тука креираме убави спомени и незаборавни родендени.
Игротека Бајкаги организира најзабавните родендени за дечиња, скроени за секое дете посебно! Секој роденден е различно организиран во зависност од возраста. За најмалите нудиme забава под маски, цртање на лице и моделирани балони за секое дете. Дечињата на возраст од 4 до 6 години се забавуваат со песнички во детското диско, а дадилките рачно изработуваат пињата полна со изненадувања и се организира лотарија со подароци. За поголемите, оние кои полнат 6 години и повеќе, имаме караоке забава и се играат познатите игри без граници. Ги цртаме омилените херои на дечињата, и ги потпишуваме од сите мали гостинчиња. Секако, тука се и малите фудбалчиња, трамполина, 4.000 топчиња, замок, лизгалки, разни автомобили и многу други играчки. Освен полна игротека со играчки, имаме и љубезен персонал кој се грижи секое дете да се забавува во игротеката. Не само што игротека Бајка го разубавува денот на славеникот, туку и ги олеснува задачите на родителите. Во цената е вклучен кетеринг, сокчиња за сите гости, специјален подарок за славеникот, роденденски покани. За родителите да прослават заедно со своите деца се грижиме со квалитетната услуга и одличната храна од ресторанРуссиа.
За тоа двочасовно дружење да биде запаметено, сликите од целата роденденска забава ги добивате на ЦД.
Игротека Бајка е вистински забавен рај за вашите деца. Креативните негувателки го прават престојот на секое дете пријатен и забавен. Играчките и реквизитите се дезинфицираат неколку пати во денот.

За повеќе информации посетете ја нашата фан-страна (https://www.facebook.com/igrotekabajka/), веб-страната (scjanesandanski.mk), и на инстаграм како scjanesandanski.
Дозволете професионалноста на игротека Бајка да го претвори роденденот на вашето дете во реалност, и резервирајте го вашиот термин на 071-398-032.