ТК Теннис Парк ќе биде домаќин на Левел Ц курсот, еден од најпрестижните семинари во светот на тенисот.

Алберто Кастелани, АТП тренер, кој во својата кариера има работено со бројни врвни тенисери, Јован Јовановски, професор на Факултетот за физичка култура како и Зоран Марков, ИТФ судија со бела значка, ќе бидат дел од овој семинар на кој несебично ќе се обидат да го пренесат своето знаење на сите учесници.

Ве покануваме сите заинтересирани да бидете дел од овој настан кој од 19 до 21 март ќе се одржи на нашите терени при СЦ Јане Сандански.