Поразговаравме со фитнес инстуркторот и кондициониот тренер Петар Баснарков, кој е во Сц Јане Сандански од самиот почеток, да ни даде неколку совети во врска со кардио вежбите кои се неизбежни доколку се подготвувате за трчање, и што да се конзумира по тренингот.

 

СЦЈС: Се ближи Скопски маратон, спортскиот центар Cybex е една од најдобро опремените теретани со реквизити, кардио справи... Кои вежби се најсоодветни за подготовка на маратонот кој ќе се одржи  низ скопските улици?
Пеце: Да, се ближи Скопскиот маратон, а бидејќи времето тече, им препорачувам на сите кои се заинтересирани да дојдат во фитнес центарот Cybex и да се подготват најдобро и најбрзо. Теретаната има одлични кардио справи, и тоа спинери, АRC, статични велосипеди) за аеробна подготовка. Аеробната подготовка е задолжителна бидејќи се работи за трчање. А поради тоа, нормално ги имаме најдобрите траки Cybex. Разновидните програми за должина, интервали, висини овозможуваат одлична подготовка за подобрување на кондицијата. Секако, тука сум јас за да ги насочам, и на сите да им помогнам со програмите во зависност од тоа што сакаат да постигнат на Скопскиот маратон.

 

СЦЈС: Колку пати неделно и колку време е потребно да потрошат во теретана?
Пеце: Во зависност од целта која си ја поставил вежбачот, од тоа зависи и колку пати би доаѓал во фитнес центарот. Секако, понудивме одлична можност за вежбање 3 и 7 пати неделно, и тоа, колку пати и да одберете, за одлична цена може да добиете и маичка, бициклистички или хеланки Hummel. Исто така, зависи и дали вежбачите се спортисти, рекреативци, напредни вежбачи, дури и оние кои имаат некакви проблеми со повреди. Јас би им препорачал на сите да доаѓаат и 6 до 7 пати во текот на неделата.

 

СЦЈС: Кардио вежбите го трошат доста човечкиот организам. Што им препорачувате на луѓето да конзумираат по напорните и интезивни кардио вежби?
Пеце: Според испитувањата за кои имам доста читано, се вели дека човек од околу 60-70 килограми, по интезивниот тренинг троши околу 2 литри вода, 5 сол, 200 грама гликоген, 55-100 интраскуларни триглицериди и 50 грама триглицериди од келии на масното ткиво. Прво, по тренингот треба да ја вратиме енергијата со внесување на одредена количина на калории. Многу е важен протеинскиот внес (оброк или протеински шејк) и скоро секогаш треба да биде тоа во првиот час по тренингот поради обновување на гликогенските депоа. Исто така, многу е важно да се надополнат изгубените течности и електролитите, затоа добро да се хидрирате пред и за време на тренингот.

СЦЈС: Што би им препорачал на сите оние кои ќе трчаат на маратонот?
Пеце: Прво, им посакувам среќа и лесни нозе на сите оние кои ќе трчаат! Тренирајте, извадете го максимумот од себе, докажете си на себе дека секогаш може подобро. Тренингот е лек за се’ во буквална смисла на зборот, а секако најдобрите и најидеалните услови ве уверувам дека ги имаме во фитнес центарот Cybex при Сц Јане Сандански. Секако, хранете се здраво и внимавајте што внесувате затоа што исхраната секогаш оди заедно во пакет со тренингот.