ТК ,,Теннис Парк” нуди и црвен тенис во зависност од возраста. Во група од 8 играчи, 2 пати неделно заедно со нашите врвни тренери, првиот тренер Предраг Русевски кој воедно е најдобро рангиран македонски тенисер на АТП листата, вториот тренер Димитар Лабудовиќ, поранешен  македонски Дејвис Куп репрезентативец, како и Симон Митев. Тренинзите се одржуваат на четири земјени терени, а два од нив се покриени со балони за време на зимскиот период од годината.
Цената изнесува 2000 денари.
За подетални информации контактирајте го нашиот тениски клуб на телефон 071-376-992, посетете ја нашата веб-страна scjanesandanski.mk , фан-страната Спортски Центар Јане Сандански, или најдете не’ на инстаграм како scjanesandanski, и бидете во тек со последните настани и новости.