Глетката со мали, разиграни и насмеани дечиња на возраст од 3-5 години, е една од највеселата во аеробик центарот при СЦ Јане Сандански.
Сите спортски дотерани, секои вторник и четврток од 17:30-18:30 часот најмалите спортски активни членови во аеробик центарот со нетпрение го очекуваат часот – спортска градинка.
Преку овие вежби дечињата правилно растат и се развиваат, стекнуваат нови вештини и учат за спортот. Во нашиот аеробик центар ги развиваме нивните моторни способности, ориентацијата, перцепцијата, брзината и флексибилноста.
Сите родители кои ги чекаат дечињата додека вежбаат со чекалната пред салата, имаат можност преку ТВ екран да го следат часот на децата.
Членарината за спортската градинка изнесува 1000 денари.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk или пак најдете не’ на facebook како Спортски Центар Јане Сандански, на инстаграм како scjanesandanski и бидете во тек со последните новости и случувања.