Оваа недела во спортскиот центар ,,Јане Сандански" во вторник (23.04.2019) со почеток во 18.00 часот, МЗТ Скопје Аеродром игра со тимот на Задар во големата сала. Цената на билетот изнесува 50 денари.
Во четврток (25.04.2019) од 20.00 часот пак, ракометниот тим Вардар се среќава со Пик Сегед. Натпреварот е од Лигата на шампионите. Цената на билетот е 200 денари.
Исто така, во вторник и четврток од 19.00 часот, во игротека Бајка има креативни работилници. Во вторник дечињата ќе изработуваат велигденски кошнички и зајчиња, а во четврток ќе боиме и шараме велигденски јајца. Влезот за секое дете чини 100 денари.