Смути пијалоците се еден од полесните и побрзите начини да го подобрите нивото на витамини во вашиот организам, како и да го забрзате метаболизмот. Денес има повеќе од 100 видови смути кои луѓето низ светот ги конзумираат, и секојдневно измислуваат нови рецепти.

И во нашата земја, тој “тренд” е доста застапен, и особено сакаме да ставиме акцент на розевото смути во кафе-бар “Бајка” при Спортскиот Центар Јане Сандански. Розевото смути е дефинитивно најбараното меѓу редовните посетители. Најчесто се конзумира во утринските часови, а поради неговата обилност заменува и цел утрински оброк.

Оваа магична напивка освен што ја подготвуваме со голема количина љубов, додаваме и јаготки, малини, банана, брусница, ленено семе, млеко и доза позитивна енергија.

Повелете на терасата на кафе-бар “Бајка”, и ви препорачуваме да го пробате розевото смути и да го започнете денот здраво.