Теннис Парк располага со 4 терени на земјена подлога, 2 од нив во зимскиот период се покриени со професионални балони. Освен за рекреативно спортување, тука тренираат и професионални и полупрофесионални тенисери. Терените се отворени за користење во работните денови од 8-12 часот (200 денари), од 14-18 часот (400 денари), од 18-23 часот (600 денари) и сабота и недела од 8-16 часот (400 денари) и од 16-23 часот (600 денари). 
За најмалите, односно тениската градинка, во група од 6-8 дечиња за два пати по еден час цената е 1800 денари. 
Црвениот тенис за 8 играчи, два пати неделно по еден час – 2000 денари.
Портокалов тенис за 6-8 играчи, два пати неделно – 2500 денари.
Зелен тенис за 4-6 играчи, два пати неделно – 2600 денари.
Јуниори во група од максимум 4 играчи, 3 пати неделно – 4200 денари.

Тренирајте со најдобрите! Време е за спорт!