Аеробик центарот при Спортскиот центар “Јане Сандански”, освен што нуди фит програми за возрасни, нуди и детски дисциплини.
Вашите деца може да бидат дел од часовите по ритмичка гимнастика или  спортската градинка. Вежбањето помага да ги одржат мускулчињата и коски, воедно придонесува и спиењето да биде поквалитетно.
Спортска градинка е наменета за дечиња од 3-5 години. Преку соодветни игри и вежби прилагодени за возраст од 3 до 5 години од страна на инструкторката Јулијана, децата ќе можат правилно да растат и да се развиваат. Со сето тоа и да стекнат нови вештини, да развијат моторни способности, перцепција, ориентација, брзина, и флексибилност. Доколку дечињата одлучат и понатаму да се занимаваат со спорт сето ова ќе биде од огромна корист.
Часовите се одржуваат во вторник и четврток од 17:30-18:30 часот.
Цена: 1000 денари.
Ритмичка гимнастика е спорт наменет за девојчиња на возраст од 5-10 години. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика, и модерен танц. Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа, брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движњеа. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност, и добра координација.
Часовите ги одржува инструкторката Адела од понеделник до петок, во следните термини: секои понеделник, среда и петок имаме три групи и тоа од 17:30-18:30 часот, втора од 18:30-19:30 часот, и трета група од 19:30-20:30 часот. Во вторник и четврток имаме две групи од 17:30-18:30 часот, и од 18:30-19:30 часот.
Цената за два пати неделно изнесува 1000 денари, а за три пати неделно 1200 денари.