Здравиот живот не подразбира само здрава исхрана, туку комплетна грижа за вашето тело и здравје. Вежбањето без здрава исхрана, и обратно, нема да ви донесе и некакви добри и долготрајни резултати. Во двата случаеви можете да го влошите вашето здравје, или пак за кратко време да ги вратите предходно изгубените килограми.

Затоа, на интернет порталите може да забележиме дека сите доктори, спортисти, инструктори, дури и рекреативци, препорачуваат баланс. Односно, здрава исхрана и спорт. Спортот ве ослободува од дневниот стрес, помага на оние кои имаат проблем со алергии, го забрзува метаболизмот, додава години во животот, и живот во годините.
Сите бенефити од спортот, се закрепени со добрата и здрава исхрана.

Внесувајте овошје и зеленчук, пијте многу вода, избегнете ги благите работи и грицките кои можат да го успорат процесот.

Доколку редовно спортувате, и се храните здраво, со сигурност животот ќе го направите поубав. Ќе се чувствувате полни со енергија во текот на целиот ден, и убаво ќе спиете.

Во Спортскиот Центар Јане Сандански можете да изберете најразлични програми за спортување. Тенис, бадминтон или падел во ТК”Теннис Парк”, insanity и пилатес во аеробик центарот, како и во фитнес центарот каде може да ја добиете програмата на нашите ракометари од Вардар, и да ги прашате нашите фитнес инструктори за совети за здраво живеење.