Започнува Европското првенство во кошарка за жени до 18 години. 
Дел од натпреварите ќе се одиграат во Спортскиот центар Јане Сандански.
Дванаесетте избранички на Жаклина Стојановска и нејзиниот стручен штаб се дел од групата Ц каде ќе разигруваат заедно со соодветните национални селекции на Ирска, Романија, Грција, Словачка и на Австрија.
Ги покануваме сите љубители на кошарката да дојдат и да ги поддржат нашите девојки! Влезот е слободен.