Фитнес центарот Cybex е најсовремено опремен во земјава. Опремен е со 10 TRX, степери, најсовремени циклони ARC, спинери, статични велосипеди, ленти за трчање, јажиња, препреки, скали, Bosu топки, балансери.
Тимот од врвни инструктори е постојано на располагање за демонстрација на вежбите и совети за исхрана и здрав живот.
Нивото на професионалноста и љубезноста на тимот, како и хигиената се на највисоко ниво.
Додека спортувате можете да уживате во внимателно одбрана музика која дополнително придонесува за уште поголема мотивација кај членовите на фитнес центарот.