Падел-тенис е спорт кој е мешавина од тенис и сквош. Правилата и бодувањето се исти како кај тенисот, единствено во падел е вклучен и стаклен ѕид кој е дел од играта. Димензиите на теренот изнесуваат 20x10 метри, и е направен од истите материјали како во тенисот. Играта започнува откако се сервира топката underhand, односно се пушта од долу. Се’ додека не се сервира, играчите мора да стојат зад линијата. Топчето мора да падне еднаш на теренот пред да се удри од стаклениот ѕид, и откако ќе го погоди ѕидот мора директно да се удри без да го допре теренот. Топката со која се игра е идентична како тениското топче само што внатрешниот притисок е помал, и топката е полесна. Рекетот, односно реквизитот по кој и самиот спорт го има ова име (paddle = весло, лопатка), е направен од цврст материјал како дрво на пример, или мешавина со гума. Основата на рекетот е направена од титаниум покриен со графит, и нема жици. Рекетот е долг 18цм и широк 24цм.
Најчесто, овој спорт се игра во двојки, што го прави дополнително интересен, и играта е многу подинамична.
Јавете во Спортскиот Центар Јане Сандански и закажете термин на телефон 070-385-021. По играта, освежете се во кафе-бар “Teннис Парк” кој се наоѓа близу терените за падел.

                                                                                                                                   Јована п.