Како и членовите на фитнес центарот Cybex, така и членовите на аеробик центарот при СЦ ,,Јане Сандански” добиваат 20% попуст на протеинското смути во кафе-бар ,,Бајка”.
Без разлика дали сте дел од аеробик или пилатес групата, вежбате Total body workout или Insanity, веднаш по тренинзите побарајте го вашето протеинско смути по специјална цена, и нахранете ги мускулите. Кафе-бар “Бајка” се наоѓа во западниот дел од Спортскиот центар “Јане Сандански”, со прекрасен поглед кон зајдисонцето и Паркот на езерата.
Протеинското смути го подготвуваме со доза протеин, чоколадно млеко, банана, чиа семе, и лед за освежување.
За повеќе информации јавете се во нашиот аеробик центар на телефон 070-268-048, и на aerobic@scjanesandanski.mk.

                                                                                                                                   Јована П.