Филип е фитнес инструктор во теретаната Cybex која е дел од Спортскиот центар ,,Јане Сандански”. Уште од своите 15 години започнал да вежба во маалските теретани и да тренира кик-бокс. Поради огромната љубов кон спортот, се запишува на факултетот за физичка култура.
Од своето големо искуство низ скопските теретани, вели дека Cybex е најдобрата, најопремената и теретана која има беспрекорна хигиена.
Многубројните и различните реквизити и справи со кои располага Cybex, ретко ги има во теретаните, а некои реквизити и воопшто ги нема.
Филип секој ден има персонални тренинзи во теретана, и постојано е тука за помош при справите, правилно вежбање и совет за исхрана и суплементација која исто така се продава во теретаната.
Голем стимул, мотивација, можност за напредок и професионално усовршување добива од Петар Баснарков и Марија Лојаница, кои исто така се фитнес инструктори во Cybex.
Доколку сакате видливи, брзи резултати и голема професионалност контактирајте ја нашата теретана на 071-235-841.