Спортот придонесува многу повеќе за вашето здравје. Освен што се доведувате до беспрекорна форма, го чувате и организмот. Огромната бројка на придобивки од спортот значи дека треба да водите грижа за телото во текот на целата година, а не само пред летните одмори, иако значително бројот на вежбачи е поголем во летниот период во однос на другите временски периоди во текот на годината.
Дури, доколку вежбате во текот на целата година, кога доаѓа периодот за летните одмори, нема да има потреба да се исцрпувате и да водите диети кои само ќе го влошат вашето здравје. Телото е веќе навикнато на физичка активност, и затоа треба и летниот период да го искористите за вежбање. Една од најголемите причини зошто треба да го одржите континуитетот на вежбање и во лето е тоа што има подобри временски услови, телото полесно се прилагодува на температурата, носиме попријатна и лесна облека, а и доста голема важност има храната, во лето веќе може да ги најдеме сите омилени овошје и зеленчук.
Нашиот фитнес центар Cybex е отворен во текот на целата година, и нуди одлични услови за тренинзи за време на летото и високите температури.
Опремен е со најразлични машини и реквизити за различни типови на тренинзи.
За повеќе информации посетете ја нашата веб-страна (www.scjanesandanski.mk) или јавете се во нашиот фитнес центар на 071-235-841.