Во продолжение погледнете ја неделната програма во игротека ,,Бајка” .
Слободни активности во текот на целиот ден имаме во понеделник (17.07.2017), среда (19.07.2017), петок (21.07.2017) и сабота (22.07.2017).
Во вторник (18.07.2017) од 19:00 часот, имаме креативна работилница на која ќе изработуваме различни креативни рамки од цевки, а во четврток (20.07.2017) на втората креативна работилница ќе изработуваме змајови за летање од 19:00 часот.
Роденденска забава имаме во недела (23.07.2017) од 19:30-21:30 часот.
Оваа недела имаме нова акција од нашиот кафе-бар – Еспресо и Нести леден чај за 128 денари. Опуштете се на нашата тераса во пријатна атмосфера додека вашите деца се забавуваат со дадилките во нашата игротека.
За повеќе информации следете ја нашата фан-страна https://www.facebook.com/igrotekabajka/ или јавете се на 071-398-032.