Тренирајте со инструкторките од аеробик центарот во текот на цел август!
Освен што нудиме пилатес, аеробик, total body workout и Insanity кои се одржуваат внатре во салите за вежбање,  можете да вежбате со нас и на отворено покрај кејот на реката Вардар.
Часовите на отворено ќе се одржуваат секои вторник и четврток од 19:30-20:30 часот, а цената изнесува 1000 денари.
На овие тренинзи главната цел ќе биде да се истрчаат 5-10км, а потоа ќе следуваат вежби кои ќе ни помогнат да ја подобриме издржливоста и брзината.
Трчањето е благодет за телото и умот. Со трчањето се лачи хормонот на среќа, и со само 30 минути трчање расположението се подобрува, а стресот и напнатоста се намалуваат. Трчањето може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми, и го намалува ризикот од рак. Тоа претставува аеробна активност која може да ви помогне да го отстраните целулитот.
Побрзајте и пријавете се во аеробик центарот на телефон 070-268-048