“Теннис Парк” располага со 4 терени на земјена подлога, 2 од нив во зимскиот период се покриени со професионални балони. Освен за рекреативно спортување, тука тренираат и професионални и полупрофесионални тенисери. Каков прв тренер во клубот работи Предраг Русевски кој е воедно и најдобро АТП рангиран тенисер од Македонија, и Димитар Лабудовиќ поранешен Дејвис Куп репрезентативец, кои се грижат за дечињата кои тренираат тенис, како и за развојот на професионалните и полупрофесионалните тенисери.
За најмалите, односно тениската градинка, во група од 6-8 дечиња за два пати по еден час цената е 1800 денари. Целта на тениската градинка е да ги запознае најмладите со тенисот како спорт преку игри, со кои подоцна и ќе ги учат основните движења и удари. На тој начин тие ги развиваат своите моторички способности
Црвениот тенис за 8 играчи, два пати неделно по еден час – 2000 денари.
Портокалов тенис за 6-8 играчи, два пати неделно – 2500 денари.
Црвениот и портокаловиот тенис работат подолг период на основните удари и техники, контрола на топка и држење на рекет.
Зелен тенис за 4-6 играчи, два пати неделно – 2600 денари. Тука работиме на усовршување  на постоечките позитивни аспекти во играта и отстранување на детектираните недостатоци во текот на зимскиот период. Посветеност на тактичкиот дел од играта, и играње на поени како и припрема за тениски турнири.
Јуниори во група од максимум 4 играчи, 3 пати неделно – 4200 денари. Во овој пакет е вклучен и кондиционен тренинг кој има голема улога во развивање на прави моторички движења. Максимална посветеност на тенисот за оние кои имаат големи амбиции професионално да продолжат да се занимаваат со овој спорт.
Нашиот клуб нуди и индивидуални тренинзи кои се наменети за сите возрасни групи и секое ниво на подготвеност.
Ве покануваме во нашиот клуб, ве покануваме да станете дел од нашето семејство и заедно да се запознаеме со убавините на тенисот, и да достигнеме големи успеси.
За повеќе информации јавете се во нашиот клуб на 071-376-992.