Оваа недела во арената на ,,Јане Сандански” ќе имаме можност да проследиме два натпревари, и тоа во вторник (05.09.2017) од 17:45 часот, Вардар – Горење.
Во петок (08.09.2017) исто од 17:45 часот, Вардар се среќава со тимот на Мешков Брест.
Двата натпревари се од СЕХА лигата, а билети може да купите на билетарата при спортскиот центар секој работен ден од 10:00-18:00 часот.
Во игротека ,,Бајка” која е лоцирана во западниот дел од спорткиот центар, во четврток (07.09.2017) имаме креативна работилница за дечињата, ќе се изработува знамето на Република Македонија заедно со нашите дадилки. Работилницата започнува од 19:00 часот.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk , најдете нé на Facebook како Спортски центар Јане Сандански, и на Instagram како scjanesandanski.