Аеробик центарот во Спортскиот центар ,,Јане Сандански” веќе ја започна новата сезона. И овој пат следуваат многу нови фит резултати и задоволни вежбачи и вежбачки. Како и секоја година, така и оваа имаме нови фит дисциплини.
Овој пат, освен Total body workout, и мат и power пилатес, ви нудиме и High intensity training. Овој вид на тренинг е поинтезивен за разлика од останатите дисциплини, го активира секој дел од телото, и темпото е доста побрзо.
Во продолжение проследете го новиот распоред во аеробик центарот:
Тotal body workout – понеделник, среда и петок од 17:30-18:30 часот, и од 19:30-20:30 часот.
High intensity training – понеделник, среда и петок од 18:30-19:30 часот, и од 20:30-21:30 часот.
Мат пилатес – вторник и четврток од 18:30-19:30 часот.
Power пилатес – вторник и четврток од 19:30-20:30 часот.
Пилатес – сабота од 10:00-11:00 часот.
Освен фит дисциплините за возрасни, нудиме и детски дисциплини.
Ритмичка гимнастика за девојчиња од 5-10 години, секој ден од понеделник до петок од 17:30-18:30 часот, и од 18:30-19:30 часот (контакт: 070-288-030).
Спортска градинка за дечиња од 3-5 години, секои вторник и четврток од 17:30-18:30 часот (контакт: 072-244-877).
За повеќе информации јавете се на 070-268-048.
Вежбаме заедно за одлично здравје и фит тело!