Оваа недела во арената на ,,Јане Сандански” ќе се одржи и првиот Супер Куп на Македонија во ракомет кој е под организација на Вардар, и ракометната федерација.
Во вторник (11.09.2017) исто од 17:00 часот, Вардар се среќава со тимот на Еурофарм Работник од Битола. Картите се веќе во продажба на билетарата при СЦ ,,Јане Сандански” по цена од 50 денари.
Во сабота (16.09.2017), женскиот тим на Вардар игра со тимот на Гевгелија од домашното првенство. Натпреварот започнува од 16:00 часот.
Во игротека ,,Бајка” во петок (16.09.2017) имаме креативна работилница за дечињата. На голем хамер, ќе изработуваме есенско дрво со отпечатоци од детските рачиња. Работилницата започнува од 19:00 часот, и ќе трае до 21:00 часот.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk , најдете нé на Facebook како Спортски центар Јане Сандански, и на Instagram како scjanesandanski.