Аеробик центарот при Спортскиот Центар Јане Сандански oсвен ритмичка гимнастика, нуди термини и за најмалите - спортска градинка.
Спортската градинка е наменета за дечиња од 3 до 5 годишна возраст. Познато е дека децата на 3 годишна возраст се веќе стабилни и доста активни. Постојано во движење, со огромна желба за осознавање на нови работи. Нашата земја нема клубови или спортски центри за категорија на оваа возраст, па затоа мултифункционалниот спортски центар Јане Сандански реши да направи нова специјална програма.
Преку соодветни игри и вежби прилагодени за возраст од 3 до 5 години, децата ќе можат правилно да растат и да се развиваат. Со сето тоа и да стекнат нови вештини, да развијат моторни способности, перцепција, ориентација, брзина, и флексибилност.
Тренинзите се одржуваат секои вторник и четврток од 17:30-18:30 часот, а цената изнесува 1000 денари.
Доколку дечињата одлучат и понатаму да се занимаваат со спорт сето ова ќе биде од огромна корист.
Ние се трудиме да изградиме нови генерации со стекнати основни навики за спорт и здраво живеење.
За повеќе информации јавете се на 072-244-877, посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk или пак најдете не’ на facebook како Спортски Центар Јане Сандански, на инстаграм како scjanesandanski и бидете во тек со последните новости и случувања.