Освен фит дисциплините кои ги нуди аеробик центарот при спортскиот центар ,,Јане Сандански”, од октомври започнуваме и со јога часови.
Часовите може да ги посетуваат почетници во јогата, како и напредни практиканти. Се почнува од поедноставни, полесни вежби, а како практикантите напредуваат се воведуваат понапредни асани, кои се работат на поинтензивен начин, со подолго останување во позициите, со што ефектите од вежбањето се интензивираат.
Јогата овозможува одржување на физичкото тело витално и еластично, создавајќи услови за добро ментално здравје и процвет на духовните квалитети во човекот. Самите вежби изобилуваат со варијанти од најлесен облик, до понапреден начин на изведување, погоден за природно еластични и витки луѓе, и соодветни се за сите возрасти, без разлика на полот.
Часовите ќе ги водат јога инструкторот Николчо Петров и асистентката Лина Јовевска. Николчо работи како јога инструктор 8 години, а интезивно практикува јога во последните 24 години промовирајќи ги алхемиските својства на јогата. Сите овие години има посетувано повеќе интензивни јога семинари под раководство на Свами Јогамудрананда Сарасвати. Лина Јовевска практикува јога 6 години. Како асистент-инструктор работи во последните 5 години. Часовите ќе се одржуваат секои вторник и четврток од 20:30-21:30 часот. Цената изнесува 1.300ден.
За повеќе информации јавете со во аеробик центарот на 070-268-048.