Овој викенд од 19-22.05.2017, на терените на ТК "Теннис Парк" ќе се одржи Државното првенство во тенис за јуниори и јуниорки до 14 години.
Натпреварите ќе се играат на четирите земјени терени во Теннис Парк. Отвореното првенство започнува во петок (19.05.2017) од 09:00 часот по претходно направен распоред за играње.
Ги покануваме сите љубители на тенисот во нашиот кафе-бар, каде може да се опуштат со кафе или некој друг освежителен пијалок и истовремено да ги следат натпреварите.
Повеќе информации на телефон: 070-385-021, и на tennispark@scjanesandanski.mk

                                                                                                                                   Јована П.