Конечно дојде и роденденската забава на игротека ,,Бајка”!
Прославуваме 3 години другарување, забави, танцување, смеење, многу креативни работилници, детски претстави и уште тон убави работи кои ги имавме изминатава година во игротеката. Ве очекуваме сите во четврток (30.11.2017) од 18:00-20:00 часот во нашата игротека на голема забава и роденденска торта. Влезот е слободен за сите.
За возрасните само во четврток имаме специјална роденденска понуда од нашиот кафе-бар, макијато/еспресо и Кока кола за само 120 денари.
Исто така, и оваа недела имаме креативна работилница.
Ќе изработуваме декоративни венчиња со различни материјали во петок (01.12.2017) со почеток од 18:00 часот.
Слободни активности имаме во сабота (02.12.2017), а тоа значи забавување и игри со сите реквизити и играчки со кои изобилува игротеката. Па, така додека дечињата се во игротеката, мама, тато, баба и дедо може да почекаат во нашиот кафе-бар и да ја искористат неделната понуда, греено вино за 80 денари.
Роденденски забави имаме во понеделник (27.11.2017) од 18:00-20:00 часот, вторник (28.11.2017) од 19:30-21:30 часот, среда (29.11.2017) од 19:30-21:30 часот, недела (03.12.2017) од 17:00-19:00 часот.
За повеќе информации следете ја нашата фан-страна https://www.facebook.com/igrotekabajka/ или јавете се во игротеката на 071-398-032.