На нашиот инстаграм профил (scjanesandanski) често може да забележите видеа од интензивните кардио тренинзи со нашата инструкторка Мартина. High-Intensity Interval Training претставува тренинг со различни интервали најчесто со висок интензитет. Го забрзува метаболизмот и трошите многу повеќе калории од било кој друг тренинг за краток период.
Оваа дисциплина помага во подобрување на издржливоста. Брзото темпо на овие тренинзи ви помагаат сé повеќе да ја зголемите кондицијата и истрајноста за време на тренинзите.
Согорувате многу калории за краток период! Истражување покажало дека 15 минути од овој тренинг согоруваат повеќе калории од трчање на трака еден час.
Ефективно користење на енергијата – Преку интервални тренинзи телото учи како ефективно да ја користи телесната енергија. Помага во исфрлање на токсините од мускулите за време на периодите кога одмарате кратко.
Дефинитивно го забрзува метаболизмот, па така и согорувате дополнителни калории.
Не треба никаков вид на машини и реквизити, се користи телесната тежина, а сé што ви треба е широк простор.
Се топат маснотиите, а не се намалува мускулот бидејќи секако ја користите телесната тежина.
Особено е предизвикувачка дисциплина која ќе ве натера да ги поместите границите и да го надминете лимитот, и никогаш не се здодевни.
За да ги почувствувате и забележите сите овие придобивки, ве очекуваме во нашиот аеробик центар секои понеделник, среда и петок од 20:30-21:30 часот. Цената за два пати неделно е 1.200 денари, за 3 пати неделно 1.300 денари.
Контакт: 070-268-048.