ТК ,,Теннис Парк” – Скопје има нова понуда за сите љубители на тенисот.
Отсега, можете да закупите 10 термини во еден месец, од понеделник до недела во термин од 08:00-15:00 часот.
Цената за изнајмување на еден терен покриен со балон чини 1000 денари за 1 час, а со овој пакет добивате 10 термини од 1 час за 6000 денари.
На сите оние кои ќе го купат овој пакет ќе им биде издадена картичка која ќе трае еден месец од денот на издавањето, а термините не се префрлаат за нареден месец.
Тениските терени на ,,Теннис Парк” се покриени со балон, а температурата внатре е идеална за тренинзи, од 16-18 степени.
За повеќе информации јавете се во нашиот клуб на 071-376-992.